Објавена пред точно 40 години, „Blue Monday“ на New Order (слушнете ја оригиналната верзија на ЕП овде) стана, според Би-Би-Си, „клучна врска помеѓу диско движењето на седумдесеттите и денс/хаус што се појави на крајот на осумдесеттите.“ Ако редовно сте посетувале клубови во 1980-тите, веројатно ја знаете и оваа песна.
Оригиналот „Blue Monday“ никогаш не ме освои. Претпочитам Rolling Stones пред New Order. Но, оваа адаптација ме придоби. Горенаведената верзија создадена од „Orkestra Obsolete“, се обидува да замисли како песнава би звучела во 1933 година, со инструменти кои биле достапни само во тоа време – на пример, теремин, музичка пила, хармониум и подготвено пијано. Сосема различни инструменти од Powertron Sequencer, Moog Source синтисајзер и Oberheim DMX тапан што се користеле за снимање на оригиналот во 80-тите.
Уживајте во овој мал мисловен експеримент преточен на дело.
Извор: Open Culture
Подготви: Марта Пешевска