ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Бриегер: С. Македонија е извозник на безбедност и стабилност во регионот и во Европа

March 20, 2023 11:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Брисел се сретна со претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генералот Роберт Бриегер, со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност и за интензивирањето на одбранбената соработка помеѓу нашата држава и Европската Унија.

-Навистина можеме да бидеме горди на постигнатото. Од увозник на безбедноста, Северна Македонија се позиционираше како столб на регионалната безбедност и стабилност. Потврда за тоа е нашето учество во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА од 2006 година, како и нашето учество во борбените групи на Унијата, рече министерката на состанокот. Посочи дека досега 363 армиски припадници биле дел од АЛТЕА, додека во мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република учествувале шест армиски офицери.

Како што информираат од МО, Петровска изрази задоволство од силниот интензитет на одбранбената соработка помеѓу земјата и Европската Унија и се заблагодари за европската поддршка на процесот на модернизација и опремување на Армијата со девет милиони евра обезбедени преку Европскиот мировен фонд.

-Фактот дека Европскиот мировен фонд покажа интерес да го поддржи опремувањето и модернизацијата на Армијата со 9 милиони евра, покажува дека интересот за уште поблиски односи помеѓу Северна Македонија и Унијата е голем. Нашата земја го започна пристапниот процес, нашето општество е базирано на современи европски вредности и ние припаѓаме на Европа, заклучи министерката.

Генералот Бриегер изрази задоволство што и двете страни се амбициозни во намерата да ја зацврстат одбранбената соработка и се заблагодари за долгогодишното учество на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисии и операции на Унијата.

Tags: БриегерЕУМОНАТОПетровска
Next Post

Во март ќе ни требаат помалку од две минимални плати за покривање на потрошувачката кошничка, тврди Бектеши

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk