Сурогат мајчинството претставува сериозно злосторство, што е потешко и од педофилијата, изјави претседателот на Комисијата за култура при италијанскиот Парламент, Федерико Моликоне.
Тој нагласи дека „постојат луѓе кои сакаат да изберат дете како боја за бојадисување на куќата“, објави агенцијата АНСА.
Министерката за еднакви можности и семејство, Еугенија Рочела, потсети дека во Италија не е забрането само сурогат мајчинството, туку и неговата пропаганда.
Треба подобро да се објасни концептот на сурогат мајчинство, за што има меѓународни саеми, а еден беше одржан во Милано, истакна Рочела.
Таа нагласи дека сурогат мајчинството чини околу 100.000 евра, а жените за тоа добиваат околу 15-20.000 евра.
Одиме наназад, бидејќи доаѓаме до форма на ропство на женското тело, па од една страна преку каталози се „купуваат“ убави, високи жени од одредена религија и различен коефициент на интелигенција, а од друга страна, жени кои ја „позајмуваат“ својата матка, додаде италијанската министерка.
Г. Т.