ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мислата на Делчев „Нема друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови како македонскиот“ како да е искажана денес

March 21, 2023 10:26
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ацо Лукароски

Ацо Лукароски

Пишува: Ацо ЛУКАРОСКИ

Откако договорот меѓу Белград и Приштина во Охрид беше оценет и како „договор за сигурноста и просперитетот на целиот Западен Балкан“, и откако меѓународната заедница темелно ја преиспитува дејтонска Босна и Херцеговина во потрага по решение за функционална демократија и институционален систем за оваа држава, многу лесно може да се случи Северна Македонија повторно да биде кочничар за регионот ако бргу на ги спроведе уставните измени и со тоа да реши две прашања – сопствената евроинтеграција и нормализирањето на односите со Бугарија.

Сега предупредувањата на премиерот Ковачевски, на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и на министерот за надворешни работи Османи, дека може да се случи Северна Македонија самата на себе си да си стави „вето“ ако не ги поминеме уставните измени во Собранието.

Ако не си ја средиме таа наша домашна задача, освен внатре, во земјата, тоа ќе има сериозни ризични импликации и за Западен Балкан.

Бугарија од Европа бараше да не дозволи отпочнување наши преговори со ЕУ. Ние од Европа и САД баравме да ја вразумат Бугарија. И што се случи? Целата работа сега се сведе на внесување на Бугарите во нашиот Устав. Политичка кусогледост е да не се видат историските и гео-стратешки бенефиции од ваквата разврска. Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав и особено фактот што тој чин го оправдуваат и Бугарите, би бил силен удар врз теоријата дека Македонците и Бугарите се една нација. Со тоа и официјално се затвора прашањето за ‘еден народ во две држави’.

Европа и САД го направија своето. Без многу кревање галама. Официјална Бугарија си легна на брашното. За жал, сето тоа го вклучи алармот на оние политички сили кај нас, коишто не сакаат успешна разврска за Македонија. Со помош на своите МАНУ-мегафони, предводени од Коцарев и Ќулавкова, почнаа да бараат да се откажеме од уставни промени и од членство во ЕУ, со тврдење дека „со достоинствено откажување од членство во ЕУ, побрзо ќе сме влегле во ЕУ“. Истовремено ширејќи параноја, со едно тотално бесмислена теорија дека „со внесување на Бугарите во Уставот ќе исчезнат Македонците и македонскиот јазик“.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се борат жестоко да спречат наш влез во ЕУ. Таа борба им почна со вувузелите во Собранието. Па продолжија со наводни отворања на бугарски клубови, иако истите и претходно постоеа на други локации. Па организираа протести против тие клубови, а што е најсмешно, или можеби најтажно, на протестите бил забележан и еден од сопствениците на тие клубови. Потоа глупостите продолжија со тоа што двајца ‘вмровци’ со бугарско државјанство тепаа трет ‘вмровец’. Којшто не е Бугарин, ама кажал дека се чувствува Бугарин. Па бидејќи таа борба за спречување влез на Македонија во ЕУ цело време оди синхронизирано со некои бугарски политичари, се случи од Бугарија да дојдат нивни пратеници за да провоцираат и да се ‘кошкаат’ со наши полицајци. За потоа во јавноста да излезат фотографии од коишто може да се види дека тие бугарски пратеници претходно имале средби и со тепачите и со тепаниот.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица за Македонија се како внатрешно крварење за еден организам. Многупати цитираната мисла од Гоце Делчев „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот“ како да била искажана за овој момент сега. Овие политички партии во континуитет работат против Македонија. Борбата за спас на Македонија две децении им се сведуваше на барање за референдум, за на крај истиот да го бојкотираат. И никогаш не одговорија на прашањето зошто бојкотираа, наместо да излезат на референдум и да гласаат против. Бојкотираа, затоа што знаеа дека на референдумот опцијата „ЗА“ ќе имаше многу повеќе гласови од опцијата „ПРОТИВ“. За членството во НАТО исто така не дадоа поддршка. Потоа заговараа седење зад затворени врати при попис, па кукавички избегаа од гласање за ратификација на Договорот со Фронтекс. Македонската опозиција блокира сè што е добро за Македонија и за македонските граѓани. Блокираа секакви реформи. Блокираа зголемување на минималната плата. Блокираа раст на пензиите. Блокираа грантови од пријателски држави. Ги блокираа сите договори со соседите и со други субјекти од меѓународната заедница.

Сега на ред е блокада на уставни промени коишто широко би ги отвориле портите за наше полноправно членство ЕУ. Сите нивни блокади ги правдаат со една иста приказна дека тоа го прават за спас на Македонија. Бедна приказна којашто, за жал, ја „голтаат“ и многу граѓани во државата. Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, овојпат во ‘коалиција’ со т.н. „разочарани“. Да се надеваме дека во моментот кога ќе се носи одлуката, сепак ќе им проработат свеста и совеста и дека ќе дадат поддршка за уставните промени. Потребна е поддршка од сите. Ова е голема шанса за Македонија.

Ставовите се на Авторот. Преземено од Рацин

Tags: ЛукаровскиФРОНТ
Next Post

Тренчевска: Нема закон или стратешки документ кој не го работиме на транспарентен начин

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk