ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Нема закон или стратешки документ кој не го работиме на транспарентен начин

March 21, 2023 10:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Дваесет години сум вработена во Министерството за труд и социјална политика, девет години во приватниот сектор и три години во граѓанскиот сектор. Со цело тоа искуство сметам дека можам да одговорам на предизвиците со кои се соочува Министерството за труд и социјална политика” рече Тренчевска на почетокот од утринското интервју за Слободен печат.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од утринската програма на Слободен печат. На гостувањето беа опфатени кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра”, предизвикот со говорот на омраза и семејното насилство, покачување на минималната плата и покачувањето на пензиите, како и работата на градинките и центрите за социјална работа.

„Месец март го посветивме на жената со кампањата „Гласна и храбра”, нашата цел е да зборуваме 30 дена и да делуваме 365 дена во годината. Опфативме различни жени од различни целни групи, имавме средби со жени од здравствената заштита, жени претприемачки, ранливи категории на граѓани, жени во безбедносниот сектор, жени жртви на насилство” истакна Тренчевска.

Министерката ја најави и Регионалната конференција која ќе се одржи на крајот од месец март и истакна дека таму ќе бидат сумирани и презентирани податоците од кампањата.

За време на гостувањето министерката се осврна и на зголемувањето на минималната плата кое се усвои изминатиот период.

„Кога дојдов како министерка, прво решение кое го донесовме беше измената на Законот за минимална плата односно донесување на системско решение кое ќе значи постојан раст на платите. Ако сме популисти ќе донесевме решенија кои ќе даваат резултат на краток рок. Меѓутоа интенцијата на оваа Влада и на министерството е да носиме системски решенија. Законот за минимална плата го гарантира тоа” посочи Тренчевска.

Таа истакна дека за носењето на ваквото решение немаше отпор од страна на релевантните чинители, туку дека ова решение е донесено преку консензус. Министерката посочи дека приватниот сектор не треба да се врзува за минималната плата како основна плата за сите вработени, туку плата под која не смее да биде исплатен ниту еден работник.

Во однос на реформата на јавната администрација министерката истакна дека јавната администрација мора да биде мала и ефикасна. Таа посочи дека администрацијата мора да биде ефикасна затоа што таа ги испорачуваат услугите до граѓаните. Тренчевска истакна дека реорганизацијата на јавната администрација е неопходна, но дека тоа не е процес кој се случува преку ноќ.

На крајот од гостувањето министерката зборуваше и за работата на градинките и центрите за социјална работа, таа истакна дека предизвикот предучилишното образование е евидентен во државата и затоа со Министерството за труд и социјална политика овозможува зголемување на капацитетите на градинките. Во однос на центрите за социјална работа таа посочи дека има центри кои одлично си ја вршат работата, но и дека има центри кои треба да се подобрат. Министерката го заврши интервјуто со забелешката „Центрите за социјална работа се сервис на граѓаните и така и треба да се однесуваат”.

Tags: МТСПстратешки документТренчевска
Next Post

Лекции од пропаѓањето на Банката на Силиконскатa долина

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk