ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Овој парламентарен состав треба да ги заврши уставните измени

March 23, 2023 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овој парламентарен состав треба да ги заврши уставните измени, бидејќи во спротивно ќе останеме изолирани во наредните 10 години, а треба само да се потврди тоа што веќе го има во Уставот, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Јас мислам дека овој парламентарен состав треба да ги заврши уставните измени заради многу причини. Прво, заради тоа што до ноември ако не се завршат преговорите прекинуваат со психолошки и административни последици. Второ, Албанија сигурно ќе го продолжи патот. Трето, со постигнатиот договор помеѓу Косово и Србија во Охрид сигурно ќе има нова забрзана патека за Западен Балкан, за да се наградат страните коишто беа конструктивни во разговорите. Тоа значи дека ние пак ќе останеме изолирани во наредните 10 години, за некаде во 2033 да седнеме и да ги направиме уставните измени, меѓутоа возот отишол, луѓето избегале во Германија да работат, надежта е убиена во земјата, а треба само да се потврди тоа што веќе го има во Уставот. Во категоријата други се и Бугарите, нема никаква разлика помеѓу именување и други и тоа е резултатот на овие преговори со Република Бугарија и тоа што успеавме да го направиме, посочува Османи.  

Тој ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека уставните промени се прават под „бугарски диктат“, нагласувајќи дека станува збор за изнаоѓање начин заеднички да се излезе од дебатата од историски причини. 

– Кога ги почнавме разговорите со Бугарија единствено прашање беше како дебата за историските интерпретации да се разгледа во европскиот процес. Ние не прифативме односите со Бугарија да ги диктираат историските интерпретации, туку на прашањето дека има бугарско малцинство овде кое што ги заслужува сите права како и сите други граѓани, ние немавме ништо спорно. Дури напротив, ние сме познати и препознати во светот по однос на индивидуалните и колективни права. Тоа е наш терен, таму ние играме најдобро и затоа топката ја префрливме од историските интерпретации во прашања на човекови права, на малцинствата, појаснува Османи.

Тој подвлече дека веќе кажал оти Бугарите се и сега во Уставот во категоријата „и други“, а тоа може да го потврди и Уставниот суд, кој вели, во таа категорија ќе ги наброи сите тие коишто се произлезени од пописот од минатата година.

– Правно-формално нема разлика помеѓу „и други“ и Бугари, Хрвати, Црногорци. Тоа е само потврдување на веќе постоечкото. Затоа треба полека дебатата од партиско-политичкиот интерес на опозицијата да дојде на власт, да се префрли кај граѓаните. На граѓаните да им се објасни за што станува збор. Значи, уставните измени се потврдување на веќе постоечко именување на сите етнички заедници во Преамбулата на нашиот Устав. Кога граѓаните ќе ја видат формулацијата на уставните амандмани верувајте ќе ги отфрлат сите овие тези на опозицијата која што на нивниот страв се обидува да изгради политичка кариера. Тоа не е чесно кон своите избирачи, тоа не е чесно кон своите граѓани. И затоа сум јас оптимист и затоа мислам дека Мицкоски на крај ќе излезе поразен затоа што кога граѓаните ќе ги видат формулациите ќе сфатат дека биле излажани, оцени Османи.

Во однос на преговарачката рамка тој наведе оти со примерот Србија-Косово се виде дека нема конспирација кон Северна Македонија од страна на ЕУ, бидејќи за Србија косовското прашање  е поставено во посебно поглавје 35, а се додаваат и нови обврски согласно од Охридскиот договор од минатата недела, додека ние успеавме да спречиме да бидат внесени главните билатерални прашања коишто Бугарија посакуваше да ги има. Османи нагласи дека единствено што го има во рамката во нашиов случај е Акцискиот план за малцински прашања, којшто го имаше секоја друга држава кандидат во процесот и не само за бугарското малцинство туку генерален Акциски план за малцински прашања како дел од Копенхашките критериуми.

– Ако мислите на договорите, договорите се во член 5 и беа секогаш таму и пред почетокот на преговорите со Бугарија, додека се преговараше после Преспанскиот договор и се однесува на генералната перцепција за добрососедските односи, но ниту Договорот со Бугарија, ниту Протоколот не се дел од Патоказите каде што има бенч-маркови за исполнување на државата. Тоа е разликата помеѓу нашиот случај и случајот на Србија и Косово каде билатералните прашања се целосно вметнати како бенч-маркови во Поглавјето, вели Османи.

Tags: Бујар Османиуставни измени
Next Post

Шаќири и претставници на делегацијата на ЕУ дискутираа за унапредување на квалитетот на образовниот процес

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk