Во Драмскиот театар со почеток во 12 часот ќе се одржи комеморација за актерот Димче Мешковски кој почина по долго боледување на 20 март.
Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.
Актерот забележа над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).