ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи лансираше процес за нов Стратешки концепт на Повелбата

March 28, 2023 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба во Скопје се одржа првиот неформален министерски состанок, со кој претседаваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокус на дискусиите беа можностите за зајакнување на политичката улога на Повелбата во контекст на тековните регионални состојби и безбедносни предизвици, при што Османи ја претстави амбициозната цел- лансирањето на процес за создавање нов Стратешки концепт на А5, како и другите приоритети на претседавањето.

“После две декади постоење, геополитичките околности во регионот и пошироко се значајно променети, а особено по актуелната воена агресија на Русија врз Украина. Дополнително, А5 во голема степен ја има исполнето иницијалната цел за која беше основана. Денес практично сите три земји основачи, дополнително и Црна Гора како подоцнежна членка на Повелбата се членки на НАТО. Оттука, нашата цел е да ја адаптираме А5 на актуелните состојби и да ја зајакнеме нејзината политичката улога во насока на полесно справување со современите безбедносни и регионални предизвици”, истакна Претседавачот, Османи.

Воедно, Османи нагласи дека меѓу приоритетите на претседавањето со А5, се заложбите за зајакнување на координацијата меѓу земјите на Повелбата кои се членки на НАТО, поголем ангажман и вклученост на земјите од Повелбата кои не се членки на Алијансата, како и проширување на регионалната соработка за актуелни теми како справувањето со хибридни и сајбер закани, стратешки комуникации и сл.

Денешниот состанок беше заокружен со усвојување на Заедничка изјава од страна на земјите членки со две значајни пораки: поддршка за политиката на отворени врати на А5, преку подготвеност да се адресира што е можно поскоро апликацијата на Косово за членство во А5; осуда на руската воена агресија и поддршка за Украина.

САД – Јадранската Повелба претставува најважната иницијатива за промоција на евро – атлантските вредности во регионот. Покрај Северна Македонија, членки на Иницијативата се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, и Црна Гора; додека Косово, Србија и Словенија имаат статус на земји-набљудувачи. Како стратешки партнер и основа, во А5 присутни се и САД, што на оваа Иницијатива и дава посебна политичка тежина.

Tags: а5МНРОсманиСАД
Next Post

На пруга во Хиподром пронајдено безживотно машко тело

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk