Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека австрискиот претседател, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.