Претседателот на Собранието, Талат Џафери поднел предлог за распуштање на Собранието и извести дека оваа одлука може да се одложи до 16 февруари.
Ова денеска го изјави претседателот на Собранието Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на словенечкиот Парламент, Дејан Жидан, посочувајќи исто така дека денеска како пратеник до Собранието доставил нова Предлог-одлука за распуштање на Парламентот.
Тој побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за распуштање на Собранието, а од таму му одговориле дека оптималниот рок е 55 дена пред изборите. Одлуката треба да се донесе на 57 ден пред денот на гласањето, што според него испадна најдоцна на 16 февруари.
А. Зеќири