ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утврден предлог текст на нов закон за Академијата за судии и јавни обвинители

March 29, 2023 20:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter
Нов текст на Предлог- законот за Академија за судии и јавни обвинители е усвоен денеска на седница на Владата.

Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата одлучи да го повлече Законот со цел во него да бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на неговиот текст согласно европските вредности. Новиот текст на Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители беше повторно доставен во владина процедура и усвоен на денешната владина седница, информираше Министерството за правда.
Од владината прес-служба, пак, појаснија дека новото законско решение е усогласување со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година и со него, меѓу другото, се предлага реорганизација на приемен испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката.
Се предвидува намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит, редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите, зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стои во соопштението.
 
Законот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители првпат е донесен во јануари 2006 година и досега е менуван неколку пати.
Од Владата информираат дека и со големиот број измени на постојниот закон, лоцирани се одредени слабости коишто претставуваат пречка за ефикасно функционирање на Академијата за судии и јавни обвинители.
Поради оваа причина оценето е дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон за да се избегне менување на повеќе од 80 проценти од одредбите од постоечкото законско решение, истакнува владината прес-служба.

Воедно наведуваат дека во изминатиот период согласно со предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесени повеќе законски решенија кои, како што оценуваат, беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите.

Во процесот на европска интеграција и усогласување со европските стандарди ни претстои многу работа, и поради таа причина Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија континуирано се залагаат и преземаат активности кои се насочени кон градење на ефикасен, независен и квалитетен правосуден систем, истакнува владината прес-служба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: предлог текст на нов закон за Академијата за судии и јавни обвинители
Next Post

Аврамовска-Мадиќ: Разумот за уставните измени кај пратениците ќе преовладее, работната група се формира наредната недела

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk