ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Точак против одлуката за субвенционирање еко возила од страна на Град Скопје

March 30, 2023 10:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на Советот на Град Скопје поставени се 2 точки, конкретно, точките односно предлог одлуките 9 и 10 – за определување на износ за субвенционирање на жители на градот Скопје, за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон со која се предвидуваат 5.000.000,00 (петмилиони) денари вкупно, односно „Износот на субвенцијата за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон се утврдува во износ од 200.000,00 (двестаилјади) денари со вклучен данок на личен доход“, по физичко лице, односно за само 25 лица (или 30 лица, ако се земе просек од 1,2 патника по возило) со по просек 2 патувања дневно за секое возило, ќе се дадат 5 милиони денари градски пари.

Одлуката 10 е за определување на износот за субвенционирање на правни лица регистрирани за вршење на авто-такси превоз на подрачјето на градот Скопје за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон за вршење на авто-такси превоз со која се предвидуваат 5.000.000,00 (петмилиони) денари вкупно односно „Износот на субвенцијата за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон за вршење на авто-такси превоз се утврдува во износ од 200.000,00 (двестаилјади) денари по возило, но не повеќе од 5 возила по правно лице купени во 2023 година“, односно ќе се помогне купувањето на 25 такси возила кои ќе прават десетици патувања на ден секое.

Од организацијата „На Точак“ соопштија дека се против вакви одлуки воопшто кои служат само за ПР, купување време, greenwashing и одржување на автомобилското статус кво.

„Се плашиме дека ако оваа одлука помине (и Одлука 10, но посебно Одлука 9)

* многу општини ќе го следат примерот и ќе почнат да даваат вакви проблематични субвенции;

* големи субвенции (од по 3 илјади евра на физичко лице! Зарем во друга област од живеењето Град Скопје помогнал физичко лице со 3 илјади евра?!);

* на мал број поимотни луѓе (имајќи предвид дека електричните и хибридните возила се поскапи, нив ги купуваат луѓе на кои не им ни требаат субвенциите, односно разликата во цена им е занемарлива).
Исто така оваа одлука би била со:

* немерливо мал ефект во намалување на загадувањето во градот (тие луѓе веќе имаат поквалитетни возила, а се менуваат нивните возила, или уште полошо, се поттикнуваат да поседуваат +1 возило, наместо да им се помогне на оние граѓани со најлоша категорија возила кои најмногу загадуваат);

* лош ефект на климатските промени (зашто ќе предизвика непотребно обновување/зголемување на возен парк односно севкупно поголем еколошки отпечаток за производство на ново возило, отколку добиениот бенефит споредено со претходното возило со исто така висока еколошка категорија),

* и продолжување на метежот и заглавеноста на автоцентричниот град, кои не можат да се решат со понови коли, туку со помалку коли.

Кога би ги споредиле двете одлуки, предлог одлука 10 има барем некаква логика, бидејќи такси превозот е некаков тип јавен превоз со кој се прават голем број патувања (особено ако возилата се користат во повеќе смени) и ако Град Скопје сака да промовира е-автомобили, но и да има реален ефект на загадувањето, сите пари треба да се префрлат тука, односно од точка 9 во точка 10. Исто така, одлуката треба да се допрецизира, да се доработи за да има реален ефект.

Град Скопје како институција која издава лиценци на такси возила, сигурно има регистар на еколошката категоризација на такси возилата. Во таа смисла предлагачот треба да изготви анализа на реалниот ефект од вакво субвенционирање (заштедените тони ПМ честички, заштедените стакленички гасови, заедно со севкупниот еколошки отпечаток).

И секако, со повикот за субвенции Град Скопје треба да ги услови такси-компаниите да ги заменат своите најлоши возила за да ја добијат субвенцијата.

Ако ваква анализа не се направи, подобро е одлуките целосно да се повлечат или гласаат против“, се вели во реакцијата на „На Точак“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Еко возилаНа Точаксубвенции
Next Post

Зоран Кесиќ за прв пат со ексклузивно шоу во Македонска Филхармонија

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk