ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ѓоргиевска: Да вложуваме во родовата еднаквост за идните генерации да наследат општество во кое стереотипите и системските бариери ќе се намалуваат

March 30, 2023 13:27
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика како дел од кампањата „Гласна и храбра”, посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жената како предуслов за родова еднаквост организира дводневна Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ”, – Гласно и храбро ги поместуваме границите. На Регионалната конференција учествуваат околу 40 панелисти од земјата и регионот, како Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Словенија, Косово, Србија, учествуваат министри, амбасадори, пратеници, претставници на бизнис заедницата, на граѓанскиот и меѓународниот сектор, академици и други гости.

Конференцијата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која во своето поздравно обраќање даде осврт на реализираните активности во рамки на кампањата „Гласна и храбра”, која се реализираше во текот не месец март.

„Поаѓајќи од тоа дека за правата и заштитата на правата на девојките и жените не треба да се зборува само еден ден во годината- 8 март, заедно со мојот тим и вработените во секторот еднакви можности во Министерството, одлучивме дека цел месец март ќе го посветиме на подигање на свеста за предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во нашето општество преку гласно и јавно зборување. Преку кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра” а со поддршка на Канцеларијата на UN Women во земјава, реализиравме бројни панел дискусии и работилници, разговаравме со различни целни групи, посетивме многу населени места. Нашата цел беше, непосредно низ разговор да ги слушнеме предизвиците на жените денес, да слушнеме кои се нивните потреби, приоритети и сугестии, а во насока истите да станат важен влог при креирањето на политиките, стратегиите, програмите и мерките за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, ” истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Министерката се осврна и на досегашните законски решенија кои се во насока на спречување и заштита од насилство, дискриминација, како Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за обештетување на жртвите од насилство и Кривичниот законик се правната рамка која превенира, заштитува и санкционира било каков облик на насилство врз жените вклучително и говорот на омраза. Како и новиот Предлог закон за родова еднаквост, кој има за цел зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и кој со воспоставување на Секретаријатот за родова еднаквост ќе обезбеди гаранција дека секоја владина политика ќе има родова перспектива.

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија истакна: „Кога зборуваме за Република Северна Македонија треба да се спомене дека во текот на 2021 година, подготвенa е Стратегија за родова еднаквост 2022 – 2027, врз чија основа е подготвен Национален акциски план за родова еднаквост 2022 – 2024 година. Но, покрај носење на законската регулатива, потребна е доследна имплементација, како и конкретен ангажман околу суштествената сензибилизација во сите сфери, од интимните до професионалните. Сите во својот домен, и лично и професионално мораме да придонесеме кон искоренувањето на родовата нееднаквост. Промените за родова еднаквост потекнуваат од сите нас, и можат да се решаваат само со синергија помеѓу личната одговорност и институционалните стратешки политики. Родовата еднаквост е обврска на секој граѓанин за создавање општество во кое секое девојче може да смета дека во иднина ќе ги има истите можности за образование, вработување и квалитет на живот како и секое момче. Колку повеќе ние вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите и системските бариери ќе се намалуваат,” истакна Ѓоргиевска.

Раководителка на канцеларијата UN Women во Северна Макендонија, Весна Ивановиќ Кастеред истакна дека сите луѓе имаат право на слобода, достоинство и еднакви права.

„Жените во Европа, во регионот и целиот свет треба да уживаат еднаквост, зајакнување и безбедност, но за премногу жени овие права се уште не се реалност и никаде не може да се најде целосна еднаквост. Па дури ни во европските земји. Зошто е тоа така?

Пред се сметам дека тоа се должи на длабоко вкоренетите родови стереотипи кои се провлекуваат низ времето и ги оптоваруваат следните генерации. Стереотипите раѓаат предрасуди кои водат кон дискриминација и даваат одраз на тоа како се третирани жените, свесно или несвесно,” истакна Весна Кастеред.

Tags: ЃоргиевскаМТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post
Зоран Бојаровски

Медиумите и граѓанските организации во преговарите со ЕУ како политички процес од висок интензитет

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk