Себе-еваулација, обединување и спротивставување на влијанијата се дел од работите кои што треба да се применат за да се задржи отпорноста и непристрасноста на правосудството. Ова беше главната порака на денешната конференција во организација на Здружението на судии по повод одбележувањето на 31 март – Ден на правосудството во Република Северна Македонија.
Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, смета дека сме на добар пат, но, како што рече, „не смееме да запреме“.
– Денеска е ден за себе еваулација на индивидуално и институционално ниво, време за унифициран пристап на сите, за да се одбранат принципите на независност, непристрасност, интегритет и транспаренентост, рече тој.
Според претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, самостојното судство е историски стремеж и предизвик за современо и ефикасно судство кое ќе функционира со начелото на поделба на власта.
– Според ова начело, судската власт не е трета власт, туку таа претставува една од трите власти, а ние како судии мора да се спротиставиме на сите влијанија кои имаат за цел да ја нарушат самостојноста, рече таа.
Весна Дамева, претседателка на Судскиот Совет на Република Северна Македонија, посочи дека само мал дел од судиите се спротивно од она што треба да бидат, и токму тие, како што рече „ја контаминираат целата професија“.
– Ако денес ја погледнете отпорноста и непристрасноста, на судиите низ призма на судија, перцепцијата ќе биде дека голем дел од судии се непристрасни и отпорни на притисоци со кои се справуваат секојдневно, на различни начини. Само мал дел од судиите не можат или не сакаат да пружат отпор и тоа е куполот кој ја контаминира целата професија, смета Дамева.