ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од Еуримаж

April 3, 2023 09:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Дебитантскот филмски проект „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од паневропскиот филмски фонд Еуримаж, на 168-та сесија што се одржа во март годинава. „Диџеј Ахмет“ е избран во конкуренција со 76 европски проекти и е поддржан со 160.000 евра. Од Македонија, како мнозински копродуцент, продукцијата ја потпишуваат „Синема футура“, „Сектор филм“ и „Протим видео продукција“, а проектот ќе се работи во копродукција со „Алтер висион“ од Чешка и „Бекрум продакшн“ и „Баш челик“ од Србија. Турскиот ТВ-канал ТРТ исто така е заинтересиран и веќе најави финансиско учество во овој проект.

„Во мојот мандат од 2018 година до денес, ова е 14-ти проект поддржан од Еуримаж во кој учествуваат македонските продуценти. Станува збор за поддршка од најпрестижниот филмски фонд основан од Советот на Европа и поради тоа успехот е толку значаен. Овие 14 проекти во изминатиов период добиле вкупна финансиска поддршка од 2,25 милиони евра, што доволно јасно зборува за квалитетот на македонската кинематографија и на македонските филмски работници. Кон ова ќе додадам дека завршените проекти веќе станаа и дел од најпрестижните филмски фестивали во светот. Мене особено задоволство ми причинува и фактот што Еуримаж препозна и проекти на нашите млади автори, генерациите кои очекуваме допрва да ги освојуваат фестивалите и салите во светот“, изјави Тања Ќурчинска-Пепељугоска, македонскиот национален претставник во Еуримаж.

Ќурчинска-Пепељугоска од јануари годинава е и членка на Извршниот комитет на Еуримаж. Таа е професорка по продукција и монтажа, реномиран филмски професионалец која целиот свој работен век го помина во југословенската и македонската кинематографија, а беше и сопственичка на некогаш најголемата дистрибутерска куќа „Манаки филм“.

Во време на нејзиниот мандат, како и во ек на ковид пандемијата, во 2020 беше донесена одлуката македонските филмски работници да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции, наместо како што беше претходно, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти. Тоа беше резултат на тоа што Македонија ја ратификуваше ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, со која се уредуваат односите меѓу копродуцентите што учествуваат во содавањето филм.

Така, во тој период поддршка од Еуримаж добија „Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска, „Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, „Тело“ на Петра Селишкар, „Зад стоговите сено“ – првата грчко-македонска копродукција на Асимина Проедроу. За првпат лани, во иста година три македонски филмови, на Митевска, Манчевски и Венинова, имаа светски премиери на фестивалите од А-категорија, Венеција, Токио и Каиро, а копродукцијата на Проедроу освои 5 награди на фестивалот во Солун.

Tags: „Диџеј Ахмет“
Next Post

Почнува хашкиот процес против поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk