ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Пак и Арнитаси: Народната банка дел од пилот-проектот на ЕБРД за подобрување на пристапот до финансии за жените претприемачи

April 4, 2023 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Женското претприемаштво игра клучна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Оттаму, обезбедувањето пристап до финансии за овие мали и средни компании е од исклучително значење за економијата во целина. Поддршката за поголем пристап на жените претприемачи до финансиите, збогатувањето на базата на податоци за кредитите на фирмите и со податоци за родовата припадност, како и зголемувањето на свесноста за значењето на родовата еднаквост при доделувањето кредити, беше тема на разговор на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот од централната банка, како и заменик-директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е надлежна за инклузивни финансии, родова и економска инклузија, Оксана Пак, претставникот на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси и дел од тим од ЕБОР.

На средбата беше договорено Народната банка да биде дел од спроведувањето на пилот-проектот на ЕБОР во земјава, којшто би опфатил повеќе аспекти, вклучително и збогатување на базите на податоци за кредити со податоци за родовата припадност, како и обуки за поттикнување поголема свесност за потребите на жените претприемачи при кредитирањето. Инаку, поддршката на ЕБОР за поголема застапеност на жените во бизнисот, преку истоимената програма којашто ја спроведуваат, е на повеќе нивоа, од пристап до финансии, до деловно советување, развој на вештини, знаење и пристап до ресурси за развој на претприемаштвото.

Унапредувањето на финансиската инклузија, како и финансиската едукација како основа за поголема вклученост, се стратегиски цели на Народната банка. Родовата еднаквост, како аспект на финансиската инклузија, исто така е дел од приоритетите. Преку едуцирање за можностите и обврските на кредитодавателите и корисниците на кредитите, може да се придонесе кон подобрување на пристапот на жените претприемачи до финансии во земјава.

Според податоците изнесени во Стратегијата за родова еднаквост на ЕБОР 2021 ‒ 2025, од сто претприемачи во светот, само 37 се жени, додека 63 се мажи и само 55% од работоспособното женско население е работно ангажирано. Со промената на овие соодноси ќе се придонесе кон зајакнување на кохезијата и ќе се поддржи функционирањето на пазарната економија, економиите ќе станат поотпорни, ќе се поттикне иновативноста и ќе се поддржи економскиот раст.

Tags: Ангеловска-БежоскаАрнитасиНБПак
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Бериша и Рама ќе комуницираат преку подкаст; скандал со пристаништето во Драч, социјалистите во Албанија бараат да се забрани Тик-Ток

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk