Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент и Ноќевања за 1,7 процент.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари − март годинава во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 14 проценти, а во однос на декември 2022 година за 0,9 проценти.