ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоргиевска: Родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира

April 5, 2023 13:03
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настанот „Твоето тело е твое, и на нет и во реалниот свет” во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА во Скопје.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека родово базираното насилство во интернет просторот е недоволно експонирана тема чие актуелизирање е потребно и изнаоѓање на решенија.

„Насилството во виртуелниот свет иако не е физичко, подеднакво боли и остава трајни последици. Многу жени ширум светот доживеале некаква форма на родово базирано насилство извршено со злоупотреба на технологијата, додека девојчињата, девојките и младите жени се особено подложни на тоа”, истакна Ѓоргиевска.

Таа ја поздрави изработката на поимникот за родово базирано насилство, потенцирајќи дека колку сме поинформирани за разновидните начини на коишто интернетот може да биде (зло)употребен како алатка за насилство, толку полесно ќе биде тоа да се спречи, соодветно да се реагира и да се санкционира.

„За насилството кое се случува онлајн, во виртуелниот простор, мораме да зборуваме отворено и гласно, постојано и упорно. Само така полесно ќе го препознаеме за да можеме да го спречиме. Мораме да ги сензибилизираме нашите граѓанки дека родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира и искорени. Често многумина, особено млади, не се свесни за тежината на постапките на социјалните мрежи и се чувствуваат слободни и сигурни зад тастатурата да можат да загрозуваат друга личност, дискриминирајќи, навредувајќи, извршувајќи насилие. Тоа мора да запре”, рече во обраќањето Ѓоргиевска.

Таа изрази благодарност до сите кои отворено зборуваат за насилството што им се случило и со тоа ги охрабруваат и останатите жртви да не потиснуваат и живеат во страв.

Настанот е дел од глобалната кампања на УНФПА „Вodyright”, што претставува глобален повик за акција со цел да се спречи насилството врз жените и девојчињата во виртуелниот простор.

На настанот се обратија Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Џон Кенеди Мосоти, директорот на УНФПА во Северна Македонија и Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации во земјава.

Tags: Ѓоргиевскародово базирано насилство
Next Post

Пленковиќ: С. Македонија може да го забрза процесот на евроинтеграции, сега е време за вистински потези

НАЈНОВО

Животниот стандард во пад, барања за ветинг и проверка на политичарите

August 26, 2025

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фото: МИА

До петок сончево и топло

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk