ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Кај ќе ни беше крајот да не беа елитните командоси од „гоцевата стража“

April 6, 2023 17:37
in PMD, АХА!, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Командант Че Ве Бара

Благодарение на онаа мала елитна единица такозвана „гоцева стража“ се одбранети македонскиот идентитет, јазик, писмо, македонската народна песна, народна носија, македонското сирење, домашната ракија и македонското кафе.

Денес се одбележува точно два месеца откако „гоцевата стража“ херојски со жив штит го одбранија гробот на нашиот револуционер Гоце Делчев, а со тоа е спречено преку ноќ да исчезне македонскиот народ.

„Отако ни јавија од горе дека ќе дојдат бугарски државјани да го окупираат гробот на Гоце Делчев и да ни го земат идентитетот, ние неколкумината командоси како што седевме во кафана веднаш станавме од маса, и се упативме пред гробот на Делчев, не си го ни допивме ракијчето. Таму нè дочекаа неколку камери и свечено дадовме изјава. Откако си заминаа камерите си заминавме и ние, ама ова нека остане меѓу нас“, вели за ОЗБИЛНО нашиот анонимен командос од „гоцевата раса (стража)“.

Гоцевите стражари велат дека беа слабо „наоружани“ со греана ракија, салата и сирење и други реквизити и дека беше тешко да се издржи таа ладна февруарска ноќ.

„Поголем дел од „борците“ дезертираа и ја напуштија борбената линија, но среќа што никој не го документирал тој момент, па останува митот дека ние ја спасивме нацијата од исчезнување, ха-ха-ха“, вели командосот.

На прашањето – од кога постојат и на колку акции учествуваа, командосот вели дека не би сакал да открива повеќе детали, но додаде дека тие функционираат на дугме, односно се активираат кога треба да се дестабилизира државата, да внесат паника, страв, несигурност во институциите итн.

Тој вели дека командосите на „гоцевата стража“ се маскирани во обични луѓе, дел од нив се студенти, пензионери, адвокати, новинари, љубители на животни, екологисти, спортисти, политичари, музичари, аналитичари, но кога се работи за каузата веднаш ја облекуваат патриотската униформа и се упатуваат на браникот.

Дали тоа го прават про-боно или за кеш, командосот реши да одговори со гласен молк.

Како и да е сепак треба да им се заблагодариме на „гоцевите стражари“, бидејќи да не беа тие, денеска ние немаше да постоиме и да ја пишуваме оваа козерија.

Извор: ЦивилМедиа


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Next Post

Експертите за ЦИВИЛ Медиа: Дали историјата на Косово се пишува или препишува со Специјалниот суд во Хаг

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk