ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промоцијата на „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска во мултимедијалниот центар Мала станица

„Ветерната приказна“ е дел проектот Патиштата на хероите поддржан од програмата Креативна Европа на Европската унија.

April 7, 2023 14:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Промоција на „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска

„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска

Share on FacebookShare on Twitter

Промоцијата на изданието „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска придружена од изложба на илустрациите за книгата на Наташа Андонова ќе се одржи на 12-ти април 2023 година (среда) во 19:00 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица на Националната галерија на Република Северна Македонија.

„Свет на густа памучна магла. Малата Верта и нејзиниот дедо живеат во светилникот на Ветерниот залив, а Ветерот никаде го нема, освен во приказната што дедо ѝ секоја вечер ѝ ја раскажува, приказната за денот кога Ветерот исчезнал. Тоа е истата приказна во која е втемелена митолошката матрица за Големиот Почеток, за преобразбата на јазикот, за песната на китовите, за Ветерните и за раѓањето на Ветерот. Не очекувајте го во „Ветерната приказна“ традиционалениот судир меѓу Доброто и Злото. Силата на природата никогаш не може да биде зла, но и природата на човекот, не е секогаш добра.“, е кусиот опис на ова извонредно издание.

„Ветерната приказна“ припаѓа на современата книжевна фантастика. Како спој од мит и сказна, таа е и книжевна адаптација на документаристичка предлошка. Верта тргнува на патување, при што ѝ се случуваат низа средби, поточно 12 луѓе што се книжевни одгледала на 12 вистински ликови од современиот живот што живеат денес и секојдневно на свој начин придонесуваат за поубав свет.
Покрај обземеноста на авторката од значајните современи егзистенцијални прашања за човековата одговорност, кон заедницата и кон природата, „Ветерната приказна“ е сепак четиво на универзални теми во кои се кријат заедничките желби и судбини на човештвото, како што се осаменоста, дарежливоста, љубовта и заборавот. Токму потрагата по трајни вистини и вонвременски пораки ја прави „Ветерната приказна“ современа сказна, а илустрациите на Наташа Андонова како интегрална компонентна на авторската замисла ја преобразуваат во уникатна графичка новела за млади читатели втурнати во повеќеслоен предизвик на читање на вербалната и визуелната порака и надвор од страниците на книгата.“, појаснуваат од издавачката куќа „Гаврош“.

Ника Гавровска (Скопје, 1987) е главен уредник на издавачката куќа „Гаврош“, книжевен преведувач и раскажувач на приказни за деца. Автор е и на сликовницата „Бел“, илустрирана од Ристо Аврамовски, илустрираната бајка „Бамбино“ во соработка со Никола Радуловиќ и визуелниот зборовник „Збор по збор“ со Наташа Андонова.

Наташа Андонова (Скопје, 1974) е ликовна уметница, илустраторка, костимографка и сториборд артист. Автор е на илустрациите на „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, „Светот на кукларството“ од Љубица Велкова и „Збор по збор“ од Ника Гавровска.

Tags: „Ветерната приказна“ на Ника ГавровскаМала станицаНова книга
Next Post
Јово Вангеловски. Фото: МИА

Апелација ја потврди казната за Вангеловски

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk