ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина: Протекувањето на плановите на САД е руска дезинформативна операција

April 7, 2023 19:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Во изјава за Ројтерс, советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак кажал оти објавените податоци за кои пишува „Њујорк Тајмс“ содржат голема количина на фиктивни информации, а дека Русија се обидува да го врати моментумот во инвазијата.


„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Пентагон истражува како документите со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива се појавија на Твитер и Телеграм.

Протекувањето на тајните документи за плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев пред планираната офанзива против руските сили, се чини дека е руска дезинформативна операција која има за цел да поттикне сомнеж за контраофанзивата на Украина, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.

Во изјава за Ројтерс, Подољак кажал оти објавените податоци за кои пишува „Њујорк Тајмс“ содржат голема количина на фиктивни информации, а дека Русија се обидува да го врати моментумот во инвазијата.

„Тоа се само стандардни елементи на оперативните игри на руската разузнавачка служба и ништо повеќе. Русија бара каков било начин да го врати моментумот, да се ​​обиде да влијае на сценаријата на украинските контраофанзивни планови, да внесе сомнежи и да не заплаши со тоа колку се ‘информирани’“, рекол Подољак во писмената изјава за Ројтерс.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Пентагон истражува како документите со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива се појавија на Твитер и Телеграм.

Аналитичарите велат дека се чини оти протечените документи се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети, велат аналитичари за „Њујорк тајмс“.

Според аналитичарите, ваквите модификации укажуваат на можен обид за ширење дезинформации во режија на Москва, но сепак, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значаен безбедносен пропуст на американските разузнавачки служби.

Документите не содржат конкретни борбени планови во кои е наведено како, кога и каде Украинците планираат да ја започнат својата офанзива, за која американските власти велат дека е „веројатна“ во текот на следниот месец.

Извор: 360 степени

Tags: руска дезинформативна операцијаУкраина
Next Post

Кичевски: Ако има криминал за Коридорите 8 и 10, тој што е виновен ќе одговара

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk