ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Џезерите во Филхармонија, страв од варвари?

April 12, 2023 09:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Одлуката за формирање на НУ Оркестар на џез музика на РСМ е можеби најдобриот потег направен во менаџирање на културата во времето на овој владин состав. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе биде запаметена како челник на овој ресор што донел прогресивно решение, разумна новина, радост за културната мапа на државата. Но, секогаш кај нас мора да постои едно „но“?!

Нејзините очекувања дека оваа новоформирана институција ќе биде сместена во објектот на Филхармонија како најсродна на дејноста, беше дочекана како во скечот на Монти Пајтон : Тигар во Африка?

Идејата наиде на отпор кај колегите на џезерите, истите оние со кои на истата сцена, веќе седум години „прават партал“ на концертите за кои се бара билет повеќе. И сега нештата се компликуваат, се одолговлекуваат со што секако се отстапува простор „проблемот“ да добива нови димензии, конструкции, и вака демократски да биде изложен на удар на сите „засегнати“. Секако нема да биде поштеден и од идеолошко-партиски игри, потреба за докажување, премерување, преземање и се што е наш веќе „заштитен фолклор“.

Кога ќе се сумираат аргументите на противниците, се сведува на тоа дека членовите на Здружението на џез музичари-Биг Бенд, според нивните колеги се привилегирани доколку бидат вдомени кај нив, и треба исто така како и Филхармонијата што со години беше бездомна, да бидат номади и кираџии во најразлични полуопремени и неопремени студија, за да „станат заслужни“ да подготвуваат концерти во достоинствени услови.

Ова ме потсети кога сакав да добијам похумани услови за породување во државна болница, ама наидов на циничен потсмев од искусните родилки со ставот „како ние сме се пораѓале, така и ти“.

Мора да се разграничи фактот дека тоа што ЗЏМ сега добива статус на институција, не значи дека неговите членови се „вчерашни“. Станува збор за музичари од светски ранг што својата денешна виртуозност ја стекнаа низ повеќе од две децении настапи и во мали клубови, па во разно- разни биртии, ја создадоа џез сцената во некогаш популарните скопски џез клубови, свиреа на улица, во парк, а под диригентство на Џијан Емин и неговите храбри аранжмани и соработки како онаа со Дерик Меј, направија исчекор и воопшто нов имиџ на Македонската Филхармонија.

Дали апсолутните слухисти од Филхармонијата одеднаш станаа осетливи на некои други „звуци“ и се чувствуваат загрозени од дваесетина свои колеги па стануваат кочничар на оваа благородна идеја, која во фузија со нив може утре да изроди и високопрофесионална нова Академија за џез, па кај нас, наместо на Беркли да се раѓаат новите светски звезди, зошто да не?

Потребна е широчина и длабочина за впечатоци што се влог и визија  во иднината, логична последица и благородно искористување на минатиот труд и кретивниот капитал, наспроти тесноградото административно размислување. И ова важи за сите дејности во општеството кое од вакви или слични блокади не успева да исплива од застоената вода.

Можеби до некаде се разбирливи и стравувањата на оние кои веќе се дел од некоја институција па сметаат дека нивната егзистенција може да биде загрозена, но големината на уметниците пред се е во надминување на овој „егоизам“. Актуелни се и протестите за повисоки плати на вработените во Министерството за култура па во сета оваа атмосфера на економско незадоволство, можно е нештата да се толкуваат на поинаков начин, а несигурноста и стравот да бидат јаболко на раздорот.

Полемиките на проблемот на џезерите ќе продолжат деновиве и сите страни ќе ги изложат своите ставови, сепак одлуката на Костадиновска-Стојчевска ќе треба да биде конечна. Дали нејзините првични очекувања „ колегите од двата оркестри да покажат меѓусебно разбирање во оваа првична фаза за новата установа која со својата дејност веќе ја збогатува македонската музичка култура, до конечното решение за нејзините потреби во делот на непречено административно и концертно дејствување.“ ќе бидат исполнети?

Оваа „расштимана симфонија“ што ја следиме деновиве нанесува штета и врз имиџот на музичарите во јавноста и врз публиката која трпеливо е градена со години. Можеби со музичкиот јазик кој е есперанто за сите засегнати ќе успеат да се разберат и час поскоро да бидеме сведоци на уште еден спектакуларен концерт на џезерите и филхармоничарите.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од НоваТВ
Tags: ЗЏММакедонска филхармонијаМинистерство за Култура
Next Post

Нови дигитални навики и јазик: од бебе мајмун до дигитален номад

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk