Украинската амбасадорка Лариса Дир, во изјава за Цивил Медиа го коментира видеото од ѕверското обезглавување на украинскиот војник.
Каква дегенерација на човечката суштина треба да достигне човек за да силува дете, да убие трудница, да обезглави друг жив човек, вели амбасадорката Лариса Дир.
„Според мене, ова дури не е ни излишен доказ за кршење на Женевските конвенции, Конвенцијата за човекови права. Се работи за најбруталната суровост на директните убијци-џелати и раководството на Кремљ. Кремљ го промовира култот на човечкото погубување, нанесувајќи ги најтешките страдања, со што ја продолжува каузата на нацистите. Наметнувајќи духовна дегенерација, извршувајќи убиства, мачење, злоупотреба – државата наречена руска федерација сега претседава со Советот за безбедност на ОН и продолжува да зазема место во ОБСЕ. Аномалија“, реагира Амбасадорката Дир во изјавата за Цивил Медиа.
Во видео обраќање на Телеграм реагираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вели дека целиот свет мора да го види видеото на кое се гледа обезглавувањето на украинскиот војник и никој нема да разбере доколку светските лидери не реагираат.
„Има нешто што никој во светот не може да го игнорира: колку лесно убиваат овие ѕверови. Светот мора да го види ова видео [во кое се прикажува] егзекуцијата на еден украински заробеник. Ова е видео од Русија каква што е. Какви суштества Се. Нема луѓе за нив. Син, брат, сопруг, нечие дете. Ова е видео на кое Русија се обидува да го направи токму тоа – нова норма. Таква навика да се уништува животот“, рече Зеленски.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
Зеленски за обезглавувањето на украинскиот војник: Ова е видео од Русија каква што е