ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каевски: Целосно неточни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако не се донесат законите за коридорите

April 12, 2023 16:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д ќе биде објавен и сите, апсолутно целата јавност, граѓаните, новинарите ќе имаат можност да го видат. Тоа е обемен договор, некаде околу 400 страни, така што секој ќе може да го види и ќе согледате дека во него нема ништо спорно, како и дека овие дополнителни законски измени ќе придонесат за овој проект побрзо да се заврши и помалку да чини. Станува збор за проект, што е од стратешки интерес за државата, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој на прес-конференција во Собранието истакна дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата на коридорите 8 и 10д, за кој, како што нагласи, е најголемиот проект вреден 1,3 милијарди евра, од кои над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании.

– Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите се целосно неточни. Како кај секој друг договор каде инвеститорот и изведувачот имаат свои права и обврски, изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски  одредби. Но, во тој случај рокот за изведба би бил подолг. Имајќи предвид дека станува збор за стратешки проект од национален интерес, наместо да трае со години изградбата и да чини повеќе, понудено е решение за да се заврши проектот во што покус временски рок. ВМРО-ДПМНЕ е последна што може да прозива некого за оваа тема, затоа што токму заради провизиите на нивните функционери и промашените проекти, со години беше заглавен автопатот Кичево-Охрид, проект кој сега интензивно се гради откако беа отстранети сите недостатоци, рече Каевски.

Тој додаде дека не е точно ниту тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуваат работничките права.

– Прво, станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес. Второ, станува збор за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50 отсто повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа за останатите прекувремени часови согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор. Трето и најважно, сето тоа ќе се случува само и само со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник. Сите ги паметиме времињата кога ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги претставуваше како евтина работна сила.  Тоа време заврши и нема да се врати назад, истакна портпаролот на СДСМ.

Каевски изјави дека на комисиските расправи ќе се разгледаат сите амандмани и ќе се дискутира за нив и изрази уверување дека ќе проработи разумот, како што рече, не само за овој процес, туку и за останатите процеси коишто се во интерес на државата.

– Одговорноста за процесите не ја има само власта и пратениците од владејачкото мнозинство, туку ја имаат и сите останати чинители, вклучително и опозицијата. Одговорноста е подеднаква и заеднички мораме да делуваме за одредени процеси кои се стратешки интерес и за граѓаните и за државата, додаде портпаролот на СДСМ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДарко КаевскиКоридор 8Коридор 8 и 10 д
Next Post

Велика Британија воведе санкции за блиски соработници на руските олигарси

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk