На Твитер беше објавена информацијата дека починал Ратко Младиќ, која веднаш предизвика голем број реакции, но беше демантирана од Хаг.
Веста на Твитер најпрво била објавена на наводниот профил на заменичката на премиерот на БиХ и министерка за надворешни работи на оваа земја, Бисера Турковиќ, а ја пренела телевизија Прва.
Најпрво на тој профил било наведено дека добила информација за смртта на воениот командант на Србите во Босна и Херцеговина од еден висок службеник од ОН, а потоа и од амбасадорот на БиХ во Хаг. Потоа објавила дека таа вест и ја потврдил и претседателот на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг.
https://twitter.com/BTurkovicBH/status/1227211890536984576
Сепак, сомнеж разбуди податокот дека профилот бил отворен вчера и имал само четири објави.
Дека сомнежите се оправдани се потврди кога од нејзиниот кабинет објавија дека Турковиќ нема профил на Твитер.
Веста веднаш предизвика голем број на реакции на Твитер, но и на останатите социјални мрежи. Ја пренесоа и многу медиуми, но и бројни корисници на Твитер.
https://twitter.com/BTurkovicBH/status/1227210446198988802
Меѓутоа, набрзо од Хаг пристигна демант, а веста за смртта на Младиќ ја демантираше и неговиот син Дарко. И министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Младиќ не починал и дека за тоа добил потврда од Хаг.
После тоа и на самиот профил е објавено дека веста е лажна.