ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Ја зајакнуваме постапката за избор на членови на управните одбори во јавните претпријатија

April 13, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска присуствуваше на презентацијата на Извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, подготвен од Центарот за управување со промени.

Таа ја поздрави подготовката на ваквиот Извештај, кој е добра основа за креирање на идни политики, во насока на надминување на утврдените предизвици и слабости бидејќи, како што кажа, од осамостојувањето на нашата држава до денеска не е посветено доволно внимание на мерење на ефикасноста на овие тела, што е клучен принцип за политики за добро владеење.

„Морам да истакнам дека за дел од слабостите што се детектирани во Извештајот од следење на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, што беше презентиран денеска, мојот Кабинет веќе презема конкретни мерки и политики, што за мене е охрабрување дека сме на добар пат. Секако, тоа е резултат и на партнерскиот однос што мојот Кабинет го има со граѓанскиот сектор, на кого јас гледам како на клучен фактор во процесот на подобрување и унапредување на нашето општество”, нагласи вицепремиерката Грковска и се осврна на позитивните резултати што ги дава тесната соработка на Владата со граѓанскиот сектор.

Во тој контекст, таа посочи дека во самиот Извештај, во наодите во сите области е забележано дека недостасува транспарентност на институциите и додаде дека веднаш по преземањето на оваа позиција и заедно со Центарот за управување со промени и Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, по претходна заедничка анализа на состојбата, е подготвено Упатство со кое Владата ги задолжи сите институции, а кое ќе значи унапредување на транспарентноста која мора постојано да се унапредува и надградува.

„Во тек се и низа други мерки кои значат зголемување на одговорноста на функционерите, а во насока на унапредување на ефикасноста на институциите кои се во директна корелација со наодите дадени во овој Извештај. На пример, забележан е проблемот со поставувањето на в.д. директори во институциите што, слободно ќе кажам, според мене упатува и на злоупотреби.

За таа цел, со поддршка на нашите меѓународни партнери и во соработка со Институтот за демократија работиме на анализа на законската регулатива и на фактичката ситуација, ги детерминираме слабите точки, по што ќе произлезат и конкретни препораки, по кои потоа ќе постапуваме”, додаде Грковска.

Како позитивна перцепција во Извештајот се посочува на последните измени на Законот за јавните претпријатија со кои се утврдени определени критериуми кои треба да ги исполнуваат членовите на управните и надзорните одбори кои се поврзани со надлежностите на одборите, се дефинира постапката за нивен избор, под координација на вицепремиерката Грковска е усвоен Правилник во таа насока, но и е намален бројот на членови на управните одбори со што се обезбедува и значителна рационализација на процесот.

На денешната презентација на Извештајот, покрај тимот на Центарот за управување со промени предводен од Неда Малеска Сачмароска, учествуваа и претседателката на Државната Комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, главниот државен ревизор Максим Ацески, Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл и Миша Поповиќ од Институтот за демократија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрковскаЈавни претпријатија
Next Post

Петровска од касарната „Страшо Пинџур“: Времето во кое армиските објекти се оставени на забот на времето заврши

НАЈНОВО

Скриншот

Документарецот за турнејата на Тејлор Свифт доаѓа на „Дизни плус“

October 14, 2025
Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk