ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Местерхази: Подготвени сте и го заслуживте местото во НАТО

Едниот соработник се уште треба да ја помине ратификацијата, но ние ја почитуваме независната одлука на самостојниот парламент, но денеска ние гласаме иако имаме уште еден чекор да се заврши пристапот, рече Местерхази.

February 11, 2020 19:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Го заслуживте вашето место со определбата и активната посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, истакна в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази, по изгласувањето на Законот за Ратификација на Северноатланскиот совет.

-Нашето Собрание беше шампион на отворена врата на НАТО, кое дозволи и ја даде својата полна поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата. Според претставникот на НАТО, патот на земјата кон НАТО не бил секогаш лесен.

-Ни требаше големо трпение и политичка храброст за да се надминат историските разлики со вашиот сосед. Меѓутоа сите напори се исплатеа. Вие навистина го заслуживте вашето место со вашата определба и активна посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Вие веќе покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, рече Местерхази.

Како членка на НАТО, додаде тој, вашата безбедност ќе биде и наша безбедност.

– Вашите 29 пријатели и соработници ќе ви помогнат да ви се обезбеди и да одговорат на вашите барања независно од тоа што се бара. Оваа поврзаност и оваа Алијанса кон која се приближувате е единствена, не е само военополитичка организација туку тоа е исто така Алијанса на демократија која што им служи на добросостојбата на  граѓаните и на безбедноста, рече в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази.

Нашата порака, според него, ќе испрати една многу важна порака во регионот.

Местерхази беше официјален претставник на НАТО на свечената собраниска седница по повод Ратификацијата на протоколот за НАТО, по која и официјално знамето на НАТО беше ставено на јарболот пред собраниската зграда. Законот за ратификација е со одложено дејство, бидејќи протоколот за НАТО треба да го ратификува уште Шпанија, по што се очекува Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Next Post
Илустрација: Игор Стевковски

Од денеска е полесно да бидеш глупав

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

October 28, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Брендан Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик

October 28, 2025
Фото: МИА

Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk