Телефонските измами создадени со помош на вештачката интелигенција се сè пораспространета појава… Доказ за тоа е и приказната на корисничка на Тик-ток, по име Брук, која го почувствувала тоа непријатно искуство на своја кожа.
Таа, имено, раскажа како дедо ѝ добил вознемирувачки повик од измамник кој користел вештачка интелигенција за да го имитира гласот на нејзиниот брат. Притоа, друг вештачки генериран глас му кажал на дедото дека неговиот внук „ќе доживее несреќа“ пред да прекине линијата.
– Плачам веќе два часа, затоа што помислев дека брат ми е мртов. Некој користел вештачка интелигенција за да го измами дедо ми да мисли дека брат ми ќе доживее несреќа и ќе погине, раскажува таа.
Кога го добила повикот од дедото, Брук веднаш му се јавила на брат ѝ и да ја утврди неговата местоположба. Тој бил жив и набрзо откриле дека се работи за измамник кој се обидувал да дојде до пари.
– Ако некогаш ве повикаат заради пари за некој што го познавате, можно е да користат чудна вештачка интелигенција за да го репродуцираат гласот, додава таа.
Стравувањата говорат дека ова може да биде сè почеста појава.
„Ова им се случува на многу луѓе… Затоа веќе не одговарам на непознати броеви“, „Вештачката интелигенција оди предалеку, треба да забавиме“, „Моето семејство и јас смисливме збор за препознавање за случки како оваа. Ако добиеме повик и не се каже тој збор, тогаш ќе знаеме дека повикот не е вистински“ – гласат дел од коментарите.