Хајката којашто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел е од политички и лукративни причини, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Прво, хајката што ја води партија во целосно заложништво на проруската Левица е базирана на лаги и невистини Второ, партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните. Ниту еден автопат ВМРО-ДПМНЕ нема направено. Особено, што јавноста знае за огромните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги создаде со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид.“, додаде Кузеска.
„Да потсетиме, Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од носителот на криминалот Никола Груевски зела кредит од 411 милиони евра за изградба на автопатот Кичево – Охрид и иако кредитот е земен, а парите потрошени автопатот, не беше ниту далеку од направен.
Имаше нецелосен и промашен проект, со промашени и нецелосни геомеханички испитувања, проект со лошо проектирани косини, усеци и тунели за кои беше потребно да се репроектирааат.
Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот.
Владата предводена од СДСМ ги санираше штетите, спроведе репроектирање, заштеди 95 милиони евра и ја продолжи изградбата која треба да биде завршена до крајот на годината.
Сериозни промашувања имаше и на автопатот Миладиновци – Штип каде на сред автопат имаше бандери, а поради слабиот квалитет на потпорните ѕидови често имаше и одрони.
Ете тоа е учинокот на ВМРО-ДПМНЕ за автопати кои со години не можат да се довршат. Полни со грешки и намерни пропусти само за некој да се збогати.
Зарем треба сега со новиот стратешки проект да се дозволи хаос и по 10 години да се чека на изградба? Не. Ние тоа нема да го дозволиме и покрај хајката што се води.
Во државата се реализира најголемиот инфраструктурен проект вреден 1,3 милијарди евра од страна на реномирана американска компанија, со сосема нов пристап од она што досега сме го гледале.
Фаза по фаза, реномирана, американска, светка компанија ќе го гради автопатот со нов пристап со кој се обезбедува брзина и ефикасност во изведбата на Коридорите.
Затоа патиштата ќе бидат готови во рок од пет години, наместо да се влечат цели децении како што е Кичево – Охрид“, потенцира Кузеска.