Брисел е информиран и ги има забележано проблемите со кои се соочува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а особено се загрижени поради нискиот степен на реализација на активностите, вели претседателката Билјана Ивановска за Алсат.
Таа додава дека состојбата во 2022 година, во споредба со 2021 година, во однос на реализацијата на активностите е уште полоша, а тоа пак според неа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани нешто да направат во оваа насока.