Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода П.Т.(21) од битолското село Горно Оризари.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 пакувања со марихуана, дигитална вага и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
П.Т. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.