Според првични информации кои Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија, соопштија од МНР за случајот во Бугарија.
Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.
Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби.