ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска во посета на Макстил по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

April 28, 2023 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посети компанијата Макстил- македонски производител на челик со долга индустриска традиција и трикратен добитник на наградата Најдобра пракса на безбедност и заштита при работа во земјава.

Посетата на Макстил започна со средба со генералната директорка, Марија Дуковска-Павловска, каде што тема на разговорот беа добрите практики во областа на безбедност и здравје при работа која оваа компанија ги има воспоставено.

Министерката Тренчевска се осврна на значењето на вложувањето на компаниите во безбедни услови за работа и заштита на здравјето на работниците на нивните работни места. И ги поздрави добрите практики кои Макстил ги има воспоставено и нивното значење во зголемувањето на продуктивноста на компаниите.

„Покрај постоењето на соодветна законска рамка која ја регулира областа и функционирањето на надлежните институции, тела и органи, за воспоставување и функционирање на ефективни системи и механизми за безбедност и здравје при работа, од исклучително значење е „социјалното партнерство” и активната и континуирана вклученост, координација, соработка и меѓусебна информираност на работодавачите и работниците, во сите прашања, политики и интервенции кои задираат во безбедноста и здравјето на работните места,” истакна Тренчевска.

Таа се осврна и на тоа што оваа година денот го одбележуваме во услови кога правото на здрава и безбедна работна средина, од страна на Меѓународната организација на трудот, е признаено и е вклучено како фундаментален принцип и право на работа, давајќи му ја со тоа на ова право истата важност и значење како и останатите досегашни четири принципи и права на работниците кои се од суштинско значење за постигнувањето на „пристојна работа”.

Генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска истакна дека Макстил во изминативе години континуирано спроведува таргетирана политика за зголемување на безбедноста и здравјето при работа.

„Подобрувањето на безбедноста е од големо значење и од тие причини како круна на сите активности врзани за безбедноста и здравјето на вработените беше воведен и стандардот ИСО 45001. Сакам да потенцирам дека секоја година во континуитет се зголемува буџетот за инвестиции насочени кон подобрувањето на безбедноста при работа како прв приоритет, а како резултат на целиот наш ангажман можеме да се пофалиме со намален број на повреди при работа. Соработката со докажани експерти на светско ниво во делот на безбедноста и здравјето при работа ни овозможи примена на нови практики при решавањето на секојдневните ситуации во погоните и ни помогна да развиеме проактивен механизам за справување и откривање на можните ризични подрачја на база на повеќекратно преиспитување на целиот производствен процес. Системот за безбедност е дизајниран да ги идентификува и минимизира ризиците на работното место, така што би сакала да истакнам дека подложи на постојано подобрување. Она на што, исто така, посветуваме големо внимание, паралелно со воведување безбедносни стандарди и унапредување на технолошкиот процес, е подигнување на свеста на вработените за безбедноста, како еден од најзначајните сегменти од работењето со што создаваме и средина во која постојано се работи на подобрување на безбедносната култура,” истакна Павловска.

По средбата министерката го посети производниот погон на Макстил – „Валавница” каде што се произведуваат лимови кои својата примена ја наоѓаат во бродоградбата, градежни мостови, рударски и индустриски машини, секаде каде што е потребен висок квалитет и голема јачина и издржливост на материјалот.

Притоа имаше прилика да разговара со дел од вработените кои ги споделија своите искуства во однос на производниот процес и почитувањето на безбедноста и здравјето при работа во оваа компанија.

„Почитувањето на правата на работниците во областа на безбедноста и здравјето при работа се наш приоритет на кои во континуитет вложуваме и така ќе продолжиме,” порача Тренчевска.

Tags: МакстилМТСПТренчевска
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Путин потпиша декрет со кој се дозволува депортација на жителите на анектираните украински територии кои одбиваат да земат руско државјанство

Shortcut

Најново

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk