Шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека во својство на претседавач на ОБСЕ е специјален гостин на швајцарското претседавање со Советот за безбедност на ОН кое започна вчера.
– Швајцарија го презема претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации. Ја имам честа да бидам специјален гостин на швајцарското претседавње со СБ во својство на претседавач со ОБСЕ за да ги презентирам приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, но и да ја одбележам 30-годишнината од соработката ООН-ОБСЕ. Оваа недела ќе се обратам пред Советот за безбедност во Њујорк, стои во постот на фејсбук на министерот Османи.