ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе законски измени каматата да не биде поголема од долгот

May 3, 2023 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот.

Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.

„Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Во пракса тоа значи, на пример за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари. Или за долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари“, изјави денеска  Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ одколку што навистина должеле.

За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале.

Дополнително, со предложените законски измени предвидуваме скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплата.

Со ова ставаме крај на праксата граѓаните пред истекот на 10те години, пред истекот на рокот за застарување да добиваат извршни решенија, решенија од извршители за долг кој можеби не ни знаеле дека постои поради долгиот временски период, дополнително зголемен со енормен износ на камата.

Таквите поплаки од граѓаните доаѓаат до нас пратениците, доаѓаат до вас медиумите реално се случуваат во секојдневниот живот и со вакви законски измени вистински решаваме еден долгогодишен горлив проблем.

Пред извесен период како  парламентарно мнозинство предложивме и изгласавме измени на законот за облигациони односи каде договорната камата не смее да биде поголема од главниот долг.

Со ова имаме фер законско решение за кое очекуваме силна поддршка од сите пратеници“, порача тој.

 

 

Tags: МитрескиСДСМ
Next Post

Од утре прекин на работата во училиштата во Србија одлучи синдикатот по денешниот вооружен напад во ОУ во Белград

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk