ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Лариса Дир: Русија изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво

May 3, 2023 13:51
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата на слободата на говорот, слободното изразување на ставовите и создавањето поволна средина за работата на новинарите отсекогаш биле составен дел на украинското општество, се вели во изјавата на МНР на Украина на Светскиот ден на слободата на медиумите.

Овие принципи всушност беа уништени од русија на привремено окупираните украински територии по почетокот на руската агресија во 2014 година. Војната од големи размери што рф ја започна против нашата држава во февруари 2022 година е придружена со уште побрутална репресија против независното новинарство.

Според информациите на Институтот за масовни информации, во текот на четиринаесетте месеци од почетокот на инвазијата, рф извршила повеќе од 500 злосторства против новинарите и медиумите во Украина.

Првиот чекор на државата-окупатор на окупираните територии беше да ги изолира од украинскиот информативен простор, да го исклучи радио и телевизискиот сигнал, да ја блокира работата на националните интернет оператори и мобилниот сообраќај.

Руските окупатори исто така вршат убиства и прогонување на новинари, претреси во просториите на редакции и фактичка принуда да се запре новинарската работа. Списокот на злосторства извршени од руската федерација против масовните медиуми во Украина, исто така, вклучува гранатирање и запленување на ТВ-кули, хакерски напади на сајтови со информативни ресурси.

Катастрофална е ситуацијата со слободата на говорот на привремено окупираниот Крим. Речиси секој месец се изрекуваат незаконски казни за кримските татари кои се наоѓаат во затворите на територијата на руската федерација и на окупираниот Кримски полуостров, меѓу кои има и граѓански новинари. Овој феномен се појави на почетокот на нелегалната окупација на Крим, кога обичните луѓе почнаа да ги прикажуваат фактите за политички прогон на украинските граѓани и станаа предмет на репресија од страна на руската окупациска администрација. Во моментов, 15 украински граѓански новинари се наоѓаат зад решетки под лажни обвиненија од страна на русите.

Ја повикуваме меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз русија поради убиства, тортура и прогон на новинари, сузбивање на развојот на слободна и безбедна средина за работа на медиумите на привремено окупираните украински територии.

Медиумите на државата агресор треба да бидат лишени од правото да шират лажни информации за војната што ја започна руската федерација, да не можат да ги сокријат последиците од нападите на украинска територија, да ја оправдаат смртта на цивилното население и намерното уништување на инфраструктурата и културните објекти на Украина.

Исто така им благодариме на сите украински и меѓународни новинари кои, ризикувајќи ги сопствените животи, секојдневно работат во воените зони за да ја соопштат вистината за руските воени злосторства во Украина. Ниту едно злосторство против членовите на медиумите не треба да остане без соодветна истрага, а неговите сторители треба да бидат праведно казнети.

И украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Светскиот ден на слободата на печатот на својот Твитер профил објави дека Руската федерација изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво. Искрено им благодариме на македонските новинари кои вистинито ја покриваат руската агресија против Украина, останувајќи во одбрана на европските вредности. Духовен подвиг.

434 ден. рф изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57🇺🇦 и странски новинари беа убиени, десетици се во 🇷🇺заробеништво.
Искрено им благодариме на🇲🇰новинари кои вистинито ја покриваат 🇷🇺агресија против🇺🇦, останувајќи во одбрана на европските вредности. Духовен подвиг. pic.twitter.com/UYUPhJx9Rv

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 3, 2023

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: воени зонируска агресија врз Украинаруски воени злосторствасветски ден на слободата на печатотубиени новинари
Next Post
Alexander Dubovsky

Сенка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk