Во поплавите предизвикани од обилните дождови во западниот и северниот дел на Руанда загинаа најмалку 129 луѓе. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем бидејќи сè уште трае потрагата по исчезнатите лица.
Обилните дождови почнаа минатата недела и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Според метеоролозите и наредните денови се очекуваат обилни дождови.
Владата на Руанда ги повика луѓето кои живеат во мочурливи области и други опасни области да се дислоцираат. Западните и северните провинции, како и главниот град Кигали, се особено ридски, што ги прави ранливи на лизгање на земјиштето за време на сезоната на дождови.
VIDEO
Imvura nyinshi yaraye iguye yatumye umugezi wa Sebeya mu Karere Rubavu wuzura ugera mu nzu z’abaturage ndetse urenga n’umuhanda.#RBAAmakuru pic.twitter.com/StL5gSd3Zx
— Rwanda Broadcasting Agency (RBA) (@rbarwanda) May 3, 2023
Минатиот месец Министерството за вонредни состојби соопшти дека од јануари до 20 април загинале 60 лица катастрофи поврзани со временските услови, уништени се над 1.205 куќи, а оштетени се 2.000 хектари земјиште.
Обилни врнежи имаше и во делови од Источна Африка, вклучително и југозападна Уганда. Минатата недела најмалку три лица се удавија по излевање на река во оддалечената област Рукунгири во Уганда.