Професор емеритус Нано Ружин долгогодишен професор и поранешен ректор на Универзитетот ФОН е еден од овогодинешните добитници на престижната награда – Гоце Делчев за 2023 година.
Ружин ја доби наградата за делото „Балкански иконографии”, каде што на преку 260 страни авторот прави семиолошка анализа на иконографиите и нивното значење во градењето на идентитетот, но и нивната злоупотреба од страна на демагозите и популистите. Книгата обилува со околу 500 фотографии на разни симболи, знаци, иконографски личности и творби.
Професорот е долгогодишен професор на Универзитетот ФОН, поранешен декан на факултетот за политички науки, ректор, а во својата кариера работел и како дипломат и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.
Во доживотното почесно звање професор емеритус како највисоко признание и тутуларност е прогласен во 2022 година.