ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Шантц: Младинските политики и јакнењето на интегритетот се најважниот влог за иднината на секоја држава

May 5, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на посетата на Обединетите Нации, имаше работен состанок со претставничката на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (УНОДЦ), Делфине Шантц, со која разговараше за потребата од организиран и системски пристап во справувањето со корупцијата и организираниот криминал.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари на Шантц за поддршката што УНОДЦ и ја дава на Северна Македонија, како на експертско ниво, така и во делот на координираниот регионален пристап. Во таа насока, таа ја истакна соработката околу имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот.

Вицепремиерката Грковска посебно се осврна на активностите што нејзиниот кабинет ги презема, а кои се фокусирани на младите, и во поглед на јакнење на свеста за интегритетот како основна и клучна вредност, и во однос на антикорупциското образование, додавајќи дека овие политики се најважниот влог за иднината на државата.

Претставничката на УНОДЦ, Шантц ја поздрави посветеноста на македонската Влада на политиките на добро владеење и младинските политики, прашање на кое, како што рече таа, Обединетите Нации посветуваат особено внимание, имајќи предвид дека младите се оние кои ќе бидат идни лидери и идни носители на одлуки.

Во тој контекст, вицепремиерката Грковска информираше за кампањата „Зависи од мене и тебе”, што ја иницираше таа, чија цел е на младите да им укаже дека промените зависат од сите нас и дека сите треба да учествуваат и да придонесат за создавање на подобар, поефикасен и просперитетен систем.

Двете соговорнички разговараа и за активностите што нашата држава ги презема за справување со корупцијата во споротот, пришто претставничката Шантц истакна дека ова прашање е од исклучително значење и во светски размери.

Во рамките на одбележувањето 30 години од зачленувањето на нашата држава во Обединетите Нации, вицепремиерката Грковска денеска во седиштето на ООН во Њујорк ќе го модерира панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност”, на кој ќе учествуваат Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС и Љубомир Фаизов, координатор во ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Tags: ГрковскаМладински политикиШантц
Next Post

Ерупција на вулканот де Фуего

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk