ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се продлабочува воената соработка меѓу С. Македонија и Италија

May 5, 2023 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојуваше во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана.

Адмиралот Драгоне, по пречекот со високи воени почести, оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри, по што следуваа тематски разговори помеѓу делегациите, соопшти МО.

На средбата со адмиралот Драгоне, министерката Петровска изрази задоволство поради успешната одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Италија, а посетата на адмиралот ја оцени како извонредна можност за прецизирање на начините на кои таа соработка ќе биде продлабочена.

– Северна Македонија и Италија се две сојузнички земји кои го делат истиот став за безбедноста на Европа и истите вредности и принципи – демократија, владеење на правото и почитување на меѓународниот поредок, рече Петровска.

Министерката и адмиралот Драгоне разговараа за ситуацијата во Украина, за правото на оваа држава да ја брани својата територија и суверенитет и го поздравија проширувањето на Алијансата со новата земја членка Финска.

Петровска ја потенцираше важноста на стабилното инвеститање во модернизацијата и опременоста на Армијата, но и во човечките капацитети како бескомпромисна определба за зајакнување на одбраната. Сојузничката соработка во овој контекст во новата безбедносна ситуација во Европа е од огромно значење – се согласија соговорниците.

На тематскиот состанок во Генералштабот, покрај презентирање на мисијата и актуелните процеси согласно новата структура на сили во Армијата, се разговараше и за заедничкото учество во меѓународните операции, можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка со вклучување во штабните структури на НАТО во Италија, можна соработка на полето на специјалните сили, како и учеството во безбедносни иницијативи со поддршка на ВС на Италија

Генералот Ѓурчиновски го истакна значењето на интензивирање на меѓусебната воена соработка и понатамошно развивање на иницијативите иницирани за време на минатогодишната посета на ВС на Италија.

– Континуираната поддршка од Република Италија за поинтензивно наше вклучување во структурите на НАТО, како и поддршката во областа на военото образование и обуката во специфичните области се од големо значење за нашата Армија. Воедно досегашната постигната доверба со заедничкото учество во меѓународните операции каде што Италија има раководна улога постојано се зајакнува, истакна Ѓурчиновски.

Адмиралот Драгоне ја искажа искажа безрезервната поддршка од ВС на Република Италија за зголемување на нашата интероперабилност и вклучување во активностите на НАТО и безбедносни иницијативи во кои учествува Италија.

Покрај поддршката во областа на военото образование и обука од страна на ВС на Република Италија, наши штабни офицери извршуваат задачи во состав на италијанскиот контингент во мисијата на „УНИФИЛ“ во Либан, воедно заеднички учествуваме во операцијата „КФОР“ и операцијата за истурено присуство во Бугарија.

Посетата на началникот на Генералштабот на ВС на Италија, која е меѓу најголемите и највлијателни земји на НАТО во Европа, претставува јасно искажана доверба и признание за достигнатите стандарди и интероперабилноста на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои учествуваат во заеднички активности и се основа за понатамошно зајакнување на меѓусебните релации во воената сфера, стои во соопштението од МО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИталијаМОПетровскаС. Македонија
Next Post

Украинската амбасадорка Дир: Драги македонски пријатели, од срце Ви го честитам Денот на македонскиот јазик!

НАЈНОВО

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk