ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска во Њујорк: Нашите стремежи за независност и признаена државност се во директна корелација со еднакви услови за достоинствен живот и развој на секој поединец

May 6, 2023 14:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Кога зборуваме за 30 години од нашето зачленување во Обединетите Нации не може, а да не зборуваме за периодот на нашето осамостојување. Како студент бев сведок и учествував во процесите на трансформација на македонското општество во повеќепартиски систем и бевме водени од идеологијата да создадеме независна и самостојна држава. И тогаш и денес сме пример за стабилност во регионот и пример како успеваме да почитуваме и да ја негуваме мултиетничноста, различноста и посебноста на нашите сограѓани, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност“, што се одржа во седиштето на Обединетите Нации, по повод одбележувањето 30 години од зачленувањето на Република Северна Македонија во ОН.

На панелот, кој го модерираше вицепремиерката Грковска, учествуваа Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС Стратешко партнерство.

Одбележувањето на 30-годишнината од приемот на Република Северна Македонија во Обединетите Нации се совпаѓа со 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. И затоа ми е драго што овој панел е посветен на суштината на глобалното семејство на нации и на секоја земја која се грижи за благосостојбата и напредокот на својот народ. Затоа што исполнувањето на нашите стремежи за независност и признаена државност мора да значат и исполнување на услови за достоинствен живот и развој на секој поединец, нагласи Грковска.

Таа истакна дека мора да се изгради консензус за неповредливост на човековите права, кои припаѓаат на секого и секаде. И дека само со почитување на тие неотуѓиви права, луѓето можат да живеат и создаваат во слобода и мир и да градат општества кои ќе обезбедат еднакви можности за сите.

Слободата сѐ уште има многу непријатели. Тоа се гледа во подемот на таканаречените нелиберални движења, засновани на нетолеранција, предрасуди, ограничување на слободното изразување. Во нивната срж е отпорот кон унапредувањето на човековите права и тенденцијата за одземање права кои се веќе стекнати одамна. И ова е една од најважните битки на нашето време, предупреди Грковска.

Помошничката на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Ивана Живковиќ ја нагласи тесната соработка што нашата држава ја има со Програмата за развој на Обединетите нации и и честиташе на нашата држава за напредокот што е постигнат во однос на партнерскиот однос со граѓанското општество, но и за значајниот напредок во однос на слободата на медиумите, констатиран од „Репортери без граници“.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, истакна дека во изминативе 30 години на полето на човековите права во Северна Македонија е постигнато многу, но дека се уште постојат предизвици кои мора да се надминат. Граѓанскиот сектор, додаде таа, е партнер, но и коректив и критичар на власта. Пировска нагласи дека во периодот по 2017 година граѓанскиот сектор има слободен простор за делување и работа, за разлика од претходно кога се соочуваше со сериозни опструкции.

Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС Стратешко партнерство оцени дека само образование кое се заснова на отворена соработка, и кое е составено од критички педагошки елементи е предуслов за политичка и културна трансформација на општеството, во насока на демократизација, правда, еднаквост и меѓукултурен дијалог.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 30 години членствоГрковскаМакедонијаЊујоркОНправа и слободи
Next Post

За долг од 500 денари казнената камата нема да биде дозволено да надмине 500 денари – законските измени се пред пратениците

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk