ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За долг од 500 денари казнената камата нема да биде дозволено да надмине 500 денари – законските измени се пред пратениците

May 6, 2023 14:39
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На чекор до исполнување е повеќегодишното барање на граѓаните за контрола и ограничување на казнената камата од долгови. За реализација на ваквата идеја неодамна повика и Народниот правобранител, кој укажа дека извршителите не треба повеќе да наплаќаат казнени камати неограничено. Односно кога казнената камата ќе ја достигне висината на главниот долг таа да престане да се зголемува. Голем број граѓани кои се должници со години не можат да си ги подмират долговите, бидејќи каматата постојано расте, а извршителите им наплаќаа неколкукратно повисоки суми.

Сепак, пред три години беа направени измени во Законот за извршување, со што се воведе ограничување на наплатата од извршител, односно од една третина на една петтина од приходот, односно од платата или пензијата. Но во тогашното законско решение немаше промени во казнената камата која често знае да ја надмине висината од главниот долг.

За оваа тематика претходно се огласија и од Министерството за правда, кога се актуелизираше работата на извршителите, а тој предизвик сега веќе е надминат. Но, од Министерството тогаш нагласија дека најголемиот проблем кој го воочиле по поплаките од граѓаните всушност се големите камати, кои често неколкукратно го надминуваат основниот износ на долгот.

Според актуелниот Закон за облигациони односи, каматата тече до денот на исплата на долгот. Главниот проблем што се јавува во практика е тоа што често каматата го надминува главниот долг.

Поради овие причини, од СДСМ решија да достават законски измени и очекуваат поддршка од колегите пратеници. Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.

Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.

Тоа имено значи дека на пример за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари. Или за долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари.

„За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Дополнително, со предложените законски измени предвидуваме скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплата“, изјави неодамна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Инаку, говорејќи за прашањето, Омбудсманот посочи и конкретен пример, кој кон него пристагнал како поплака. Па така, извршувањето започнало во 2013 година и треба да се наплати камата од 2010 година. Притоа, се спроведува забрана на една третина од пензија. Главниот долг изнесува 371.367 денари до 2022 година кога странката се обраќа кај Народниот правобранител. За девет години наплатени се 885.138 денари од кои 783.628 денари се на име на камата на главниот долг, а за наплата остануваат уште 433.604 денари. Значи, за долг од 371 илјади се наплатува само камата 783.628 денари и истата продолжува да тече.

Според социјалдемократите таквите поплаки од граѓаните доаѓаат и до пратениците и до медиумите и тоа се случаи кои реално се случуваат во секојдневниот живот и со вакви законски измени вистински се решава еден долгогодишен горлив проблем.

„Пред извесен период како парламентарно мнозинство предложивме и изгласавме измени на законот за облигациони односи каде договорната камата не смее да биде поголема од главниот долг. Со ова имаме фер законско решение за кое очекуваме силна поддршка од сите пратеници“, кажа Митрески.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Деца, сите во затвор, вие сте криви за сѐ што ни се случува

EVN

НАЈНОВО

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

April 16, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија: Сомнежи за перење на 2,85 милиони евра преку фиктивни реклами

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk