Членот 110 од предлог Законот за ЈО предизвика бројни полемики во јавноста, за тоа дали овој член ќе се однесува само на предметите на СЈО, новинарката Кристина Атоска побара толкување од пратеничката на СДСМ Снежана Калевска.
Според пратеничката, членот 110 е потреба која се наметна за да се регулираат случаите кои беа почнати од СЈО после Јуни 2017, за сите останати случаи кои содржат незаконски прибавени материјали, обвинителите ќе се водат единствено според кривичниот законик, според кој зависи од судот дали незаконски прибавените материјали ќе се користат во постапката.
Со оваа таа ја остави отворена и можноста другите oбвинителства да отварат постапка повикувајќи се на бомбите, а дали тие ке се користат како доказ ке одлучат исто така судиите во постапките.
– Според Кривичниот законик, Обвинителството и Судот ценат дали јавниот интерес е поголем во случаи во кои има незаконски прибавени материјали – вели пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска, во Утрински брифинг, на Слободен печат.
А. Зеќири