ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Изградбата на Коридорите ќе го зголеми и извозот на земјоделски производи

May 10, 2023 19:24
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Агротим.мк

Фото: Агротим.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија има патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор 8 (исток – запад) и Коридор 10 (север – југ). Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои многу мал дел, само 242 km, се класифицирани како автопат.

Изградбата на новите делници од Коридорите 8 и 10 д, се од големо значење за граѓаните, економијата, бизнисот… затоа што ќе бидат изградени уште 110 километри нов автопат. Со добрата инфраструктура се зголемува безбедноста во сообраќајот, а корист имаат и трговијата и економијата како и сите останати бизниси. Пристапот или побрзиот и побезбеден пристап до одредени градови во внатрешноста на земјата овозможува и поголем проток на производи, особено производи од нашите земјоделци чиј рок на трање е пократок отколку на индуструјата и поголема достапност до нив. Преку побзиот и поекономичен пристап до семиња и ѓубрива, земјоделците исто така ќе имаат корист, затоа што транспортот на производите досега имаше голема цена и потребните суровини беа скапи и неисплатливи.

Со изградбата на Коридорите треба да се обезбеди подеднаква брза достапност на пристаништата во соседните земји, како на пример до Драч – Албанија. Ова ќе обезбеди уште една конкуренција на пристаништето во Солун, кое досега беше единствениот избор.

За трговците ова ќе значи поголема достапност до нашата земја и поголем избор на видови транспорт, особено копнен, а за земјоделците поголема побарувачка.

Најзначајни партнери на Македонија и за извоз и за увоз се балканските земји, Србија, Kосово, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде што се извезуваат 52 отсто од вкупната храна што се извезува.

Извозот на зеленчук е насочен кон Србија, Хрватска, Полска, Украина, Албанија, Бугарија, Kосово, Белорусија и Ирак. Во однос на извозот на овошјето доминантно е учеството на јаболката, а со помали вредности се јавуваат јаткасто овошје, агрумите, грозјето и друго.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје на минатата 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 9. 344 551 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 58.4%.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 82.4%, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 10.2 %.

Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен фуражните растенија, грозјето и добитокот.

Извор: Бриф.мк

Tags: земјоделски производиизвозКоридори
Next Post
Фото: МИА архива

Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk