ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Досетливо мамеле цвеќари и угостители, ги земале парите и бегале

Измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан, и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара во да му се резервира сала за забава. Притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на салата и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот.

February 13, 2020 12:53
in КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкуте пријави за измами во кои досетливи измамници од угостители и продавачи на цвеќе одзеле пари, од СВР Тетово информираат дека во тек се интензивни мерки и активности за расчистување. Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки.

– Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите. Апелираме до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги. Особено треба да бидат претпазливи кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги како вработување, обезбедување документи и слично, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан, и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара во да му се резервира сала за забава. Притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на салата и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот.

Според Јосифоски, поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поевтини станови и друго.

Измамите претставуваат кривично дело (член 247 од Кривичниот законик) за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.

Next Post

Забрчанец: Ние имаме разбудено граѓанско општество и свесни граѓани кои знаат да препозанаат лаги и дезинформации

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk