ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заседава работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени

May 11, 2023 15:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот попладнево во Владата ја одржува трета седница.

Претседателката на работната група и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска пред почетокот на средбата рече дека ќе продолжат да работат на разгледување одредби од Деловникот за работа. Се додека не биде донесен Деловникот, како што изјави, нема да можат да почнат да работат во суштинската материја, заради тоа што од Деловникот произлегуваат многу работи кои што треба да ги имаат во предвид.

-По однос на времето кога ќе завршиме, и тоа не можам да ви кажам. Некојпат кога мислиме дека многу брзо оди, застануваме некаде и голема е групата, па додека секој да го каже своето мислење, времето поминува. Меѓутоа, како и да е, јас сум задоволна што почнавме да го работиме Деловникот и се надевам наскоро ќе биде завршен тој дел од работата, а потоа да се впуштиме во она што ние го имаме како мандат, а тоа е да изготвиме предлог нацрт, иницијатива за уставни промени во рамките на она што е одлука на Собранието на Република Северна Македонија и одлука на Влада на Република Северна Македонија и она што од тоа фактички произлегува и формирање на оваа група од министерот за правда, рече Николовска.

Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат оваа предлог-иницијатива да биде доставена до Собранието, Николовска истакна дека не сака да калкулира со време, бидејќи како што посочи, никогаш не се знае кога и како ќе се одвиваат работите.

-Факт е дека ние сакаме исто така колку е можно побрзо да се заврши оваа работа. Меѓутоа, како да ви кажам, сите тие работи не зависат само од нас. Има голем број на членови како што ви кажав. Тие имаат свој претходно преземени обврски. Некои од тие обврски можат да се одложат, некои не можат да се одложат, и во една таква насока не би можеле да кажам. Меѓутоа желба на сите колку е возможно побрзо да ги презентираме нацрт, да речам, одлуките односно нацрт промените коишто сметаме дека треба да се извршат, и што е уште поважно аргументите, заради тоа што сметам дека на македонската јавност треба да биде многу посуштински, многу поелементарно од една страна, но меѓутоа од друга страна сложената тематика треба многу убаво да им се објасни, за да се сфати што е фактички проблемот, што е стратешката цел и колку треба да се работи на таа стратешка цел за да можеме да оствариме она што на еден одреден начин сите го посакуваме, а тоа е влез во ЕУ, рече Николовска.

На новинарско прашање дали изготвените предлог-амандмани ќе бидат доставени на увид на јавноста и на граѓаните, Николовска рече дека нивна обврска е да ги изготвават и оти за понатамошната процедура надлежна е Министерството за правда.

-Значи ние имаме обврска да ги изготвиме. Изготвените ги доставуваме до Министерство правда. Како тие понатаму ќе се однесуваат во тој поглед, не можам да ви кажам. Јас само можам да ви гарантирам дека Комисијата ќе работи крајно транспарентно и ќе бидете известени апсолутно за се што работиме и како работиме, рече Николовска.

Tags: Николовскаработна групауставни измени
Next Post

Земјоделскиот сектор како дел од евроинтеграцискиот процес, тема на третата седница на Агро Советот

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk