ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денови на македонската литература и култура во Торонто

May 15, 2023 11:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на црковната општина „Св. Климент Охридски“ во Торонто, викендов ја организираше манифестацијата „Денови на македонската литература и култура“ во Торонто.

Во големата сала на црквата беше поставена изложба на книги од македонски автори, предмети од богатото македонско културно наследство, ликовни дела од Зоран Карапанчев и цртежи од Живко Поповски-Цветин. Членовите на друштвото читаа извадоци од своето творештво и беше организирана музичка програма.

Како што соопшти организаторот на настанот, гостите ги поздрави претседателот на црковната управа во македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто, Борис Стоикос, и претседателот на  Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ – Зоран Карапанчев.

-„Деновите на македонската литература и култура“ во Торотно предизвик интерес кај пошироката македонска јавност и беше посетен од бројни друштва и асоцијации, како и од управите на македонските православни цркви во Канада кои испратија свои претставници… Многумина ја збогатија својата домашна библиотека со книжевни дела од повеќе македонски автори кои таа вечер можеа да се купат, соопшти Литературното друштво „Браќа Миладиновци“.

Друштвото е формирано на 6 март 1987 година. Првата литературна вечер ја одржало наредната година по повод 126-годишнината од излегувањето на Зборникот на Миладиновци. Од 1989 година ја организира манифестацијата „Денови на македонската култура и литература” во Торонто која се одржува секоја година во мај.

Tags: македонска литература и култураТоронто
Next Post

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд, во фокусот економската соработка и трговските врски

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Скриншот

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

August 27, 2025

Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk