Здравствените власти нема да прогласат епидемија на грип, иако училиштата и градинките се полупразни, а ординациите полни. Комисијата за заразни болести само донела одлука да се органичат посетите во сите јавни здравствени установи. Министерот за здравство, Венко Филиче, потврди дека, засега, не се прогласува епидемија, пишува Мета.
– Грипот е сезонска епидемија сам по себе. Евентуално Светската здравствена организација (СЗО) може да прогласи пандемија, но далеку е од тоа. Има договор да се органичат посетите во сите јавни здравствени установи на ниво на држава, преку Комисијата за заразни болести – информира Филипче.
Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на шестата недела од 2020 година, пријавени се 3.614 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 27,9 отсто во споредба со минатата недела. Бројот на пријавени лица споредено со шестата недела од минатата сезона, е зголемен за 60,9 отсто.
– Оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се 108 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 69 (63,9 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 35 е детектиран тип А, а 34 се инфлуенца тип Б. Во Дебар, Струмица, Кавадарци, Штип и Свети Николе е регистрирана многу висока активност на вирусот на грип – информираат во Институтот.
Целиот текст ТУКА