ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Антикорупциска: Ректорите на УКИМ и УКЛО незаконски формираат синдикати

Независниот академски синдикат до ДКСК пријавил постоење судир на интереси и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите. Во меѓувреме, Државниот инспекторат за труд утврдил прекршување на член 195 од Законот за работни односи.

February 13, 2020 15:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ректорите на скопскиот и на битолскиот универзитет директно ги прекршиле начелата на законитост и интегритет со повикот за формирање синдикати на универзитетите, соопшти Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната прес-конференција. Прекршување на Законот за работни односи утврдил и Државниот инспекторат за труд, кој ќе спроведе своја постапка.

Независниот академски синдикат до ДКСК пријавил постоење судир на интереси и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите. Во меѓувреме, Државниот инспекторат за труд утврдил прекршување на член 195 од Законот за работни односи.

– ДКСК, имајќи ги предвид наодите , укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат – изјави Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има разврска на случаи покренати од Комисијата, Ивановска рече дека работите почнале да се движат.

– Факт е дека процесите започнаа да се движат, факт е дека има ефекти од работата на комисијата, тоа повеќе се гледа во случаите на судир на интереси, каде што лица на повеќе функсии се повлекуваат од една од функциите. Преку ноќ не може да ја смениме состојбата, но тука сме да алармираме, па под притисок на јавноста, работите ќе почнат да се менуваат, рече Ивановска, која најави засилена соработка со Јавното обвинителство.

ДКСК повторно ги нагласи законските забрани во предизборниот период: за вработување и отпуштање, за почеток на градба на нови објекти, за вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош, за продажба на државен имот и потпишување колективни договори. Комисијата повтори дека засилено ќе ги следи изборните активности, во соработка со граѓанските организации активни во борбата против корупцијата.

Next Post

Срамота: Лицето одговорно за јавни набавки во Државен архив призна вина, „твитерџиката“ и „дистрибутерите“ на лажната вест сѐ уште молчат

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk