ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавена ,,Срце во мозокот“, најновата поетска книга на Ристо Лазаров

May 16, 2023 13:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Издавачкиот центар ,,Антолог“ од Скопје ја објави најновата поетска книга на Ристо Лазаров ,,Срце во мозокот“.

Наведувајќи ја како мото на својот  поговор кон книгата на Лазаров библиската сентенца дека ,,Мислата на срцето човечко е зла“, Лидија Капушевска Дракулевска забележува дека во сенките на сегашноста човекот како да станува сѐ помалку емотивно, а сѐ повеќе неразумно (ирационално) суштество. А само доколку срцето и разумот се проникнуваат во човекот, може да се постигне баланс во животот и во светот. Ова е стожерна оска околу која гравитираат стиховите од најновата книга на Лазаров, наведуваат од „Антолог“.

Првата средба со оваа книга стихови збунува веќе со самиот необичен наслов (впрочем, како и претходната именувана „Чинук“). Срце во мозокот – дали со изборот на оваа, навидум парадоксална синтагма (спој на емотивноста и интелектот), поетот, можеби, сака да го изрази парадоксот и апсурдот на нашето совремие? И зошто „главатарите“ (како што се именувани денешните политички моќници), „се препознаваат / по срцата вгнездени во нивните глави“ – како што иронично ќе рече лирскиот субјект во воведната, истоимена песна? Дали се тие свесни за безумието и лудилото што го креираат? Или, пак, се раководат од емоции (и тоа негативни, како омраза, гнев), наместо рационално да се соочат со предизвиците? Како и да е, изборот на насловот на стихозбирката „Срце во мозокот“ е успешна поетска алатка која провоцира со нагласената врска помеѓу емоциите и когницијата, посочуваат издавачите на книгата на Ристо Лазаров.

Tags: поетска книгаРисто ЛазаровСрце во мозокот“
Next Post
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Шкријељ: Ние возрасните треба да се запрашаме дали навистина ги учиме нашите деца на вистинските вредности и почитување на различностите

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk